„Автостат“: Русија стана најголем пазар за автомобили во Европа
Русија го надмина германскиот азар за автомобили и со тоа стана прва во Европа, покажуваат податоците на аналитичката агенција „Автостат“.
Во август во Русија се продадени 235.000 до 24.000 автомобили, од кои 13.000 до 15.000 се лесни стопански возила, што го надминува обемот на продажбата во европските земји.
Според проценката на агенцијата, продажбата на автомобили во Германија во август е намалена за 5,5 отсто на 211.044 возила. Како што наведе Здружението на автомобилската индустрија на Германија ВДА, сметајќи на сезонските колебања, резултатот од минатиот месец е на минатогодишното ниво.
Во ВДА додаваат дека целта на германскиот пазар на автомобили, кој во јули покажа раст, е да продолжи да се стабилизира.
Слично
