Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автономните возила на Tesla одзедоа уште една човечка жртва

Автономните возила на Tesla одзедоа уште една човечка жртва

Автомобил на компанијата Tesla со вклучен автопилот учествувал во тешка сообраќајна несреќа при што загинал возачот кој удрил во бетонски столб на пат во Калифорнија, САД.

Од Tesla велат дека 38-годишниот возач, кој починал кратко по ударот, брзо пред несреќата, го активирал автопилотот. Но не објаснија дали системот ја детектирал конкретната бариера.

Возачот добил неколку визуелни и едно звучно предупредување претходно во возењето. Рацете на возачот не биле на воланот шест секунди пред ударот. Возачот имал околу пет секунди и 150 метри непречен поглед на конкретниот бетон.. но записите на возилото покажуваат дека не е преземено никакво дејство” се вели во соопштението на веб-страницата на компанијата.

Овој инцидент доаѓа кратко по прегазувањето на жена на пат од страна на тест автономно возило на Uber каде контролниот пилот гледал во својот телефон наместо да внимава на сообраќајот. 

Слично

Поврзани вести