Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ ДЕЛИ ОТКАЗИ ПРЕКУ СМС - работници на Тесла викендов останаа без работа, компанијата е турната до ѕид

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ ДЕЛИ ОТКАЗИ ПРЕКУ СМС - работници на Тесла викендов останаа без работа, компанијата е турната до ѕид

Производителот на електрични возила Tesla го отпушти персоналот од одделот за софтвер, сервис и инженерство во текот на викендот, според извори запознаени со ситуацијата.

Вработените во компанијата добиле пораки во текот на викендот во кои ги информирале за отпуштањата, објави во понеделникот технолошкиот магазин Electrek, пренесува Reuters.

Овој потег доаѓа откако автомобилската компанија предводена од Илон Маск го распушти својот оддел за полнење електрични возила. Компанијата Тесла минатиот месец објави дека ќе ја намали глобалната работна сила за повеќе од 10 проценти.

Тесла, чии акции пораснаа за повеќе од еден процент, сè уште не ги објави најновите отпуштања. Компанијата минатиот месец објави дека ќе отпушти повеќе од 6.700 вработени во Тексас, Калифорнија, Невада и Њујорк.


Тесла е под притисок од падот на продажбата и се пожестоката трка во цените меѓу производителите на автомобили, додека зголемените каматни стапки ја забавија продажбата на електрични возила.

Компанијата сака да се фокусира на софтвер за автономно возење, роботски такси и нејзиниот хуманоиден робот Optimus, па Маск можеби ги намалува трошоците на одредени тимови за да заштеди пари за тие проекти, велат аналитичарите.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести