Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автомобилите во ЕУ од 2015-та ќе имаат e-call систем

Автомобилите во ЕУ од 2015-та ќе имаат e-call систем
По две години во ЕУ ќе биде воведен автоматски систем за итни повици при сообраќајки, соопшти Европската Комисија. Вградувањето на системот во автомобилите ќе биде задолжително од октомври 2015 година со цел да се намалат последиците од тешки сообраќајни несреќи. Автомобилите опремени со системо е-call ќе се поврзат автоматски со служби за итна медицинска помош во случај на тешка сообраќајка. Системот автоматски ќе го повикува бројот 112, европски број за итна помош и ќе укажува на местото на сообраќајната несреќа дури и ако возачот е во бесознание или не е во состојба да се јави по телефон. Со тој систем е можно да се спасат живот на оклу 2.500 луѓе годишно. Мерката е за сите нови модели на патнички автомобили и мали товарни возила. Системот е можно да се користи и за следење украдени возила.
Слично

Поврзани вести