Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВТОМОБИЛ УДРИ ВО ГРУПА ЛУЃЕ ВО МИНХЕН - во тек е голема полициска акција

АВТОМОБИЛ УДРИ ВО ГРУПА ЛУЃЕ ВО МИНХЕН - во тек е голема полициска акција

Автомобил влета во група луѓе во германскиот град Минхен, при што се повредени неколку лица, соопшти полицијата.

Весникот Билд објави дека 15 лица се повредени, пренесува Ројтерс.


Конференцијата за безбедност во Минхен започнува во петок, а потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс и украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да пристигнат подоцна во текот на денов.

Голема полициска операција е во тек во близина на централната железничка станица и полицајците работат на проверка што се случило, рече портпаролот, без да даде повеќе детали.

Голем број на итните служби се на терен, пренесува Билд.


Според очевидци на местото на настанот, автомобилот намерно влетал во група луѓе на улицата.

Според Билд, се работи за Mini Cooper. Засега не е познато што му претходело на инцидентот.

Фото: Принтскрин/Х


Слично

Поврзани вести