Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВТОМОБИЛ СО ПОЛНА БРЗИНА ЖЕСТОКО УДРИ ВО БЕКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА: Големо апсење во Лондон

АВТОМОБИЛ СО ПОЛНА БРЗИНА ЖЕСТОКО УДРИ ВО БЕКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА: Големо апсење во Лондон

Британската полиција интервенираше рано утринава откако автомобил влета во портите на Бакингемската палата.

Локалните медиуми јавуваат дека еден маж е уапсен.

- Ставете ги рацете на главата! - На драматичната снимка се слушаат полицајци како викаат кон возачот.


Очевидец рекол дека слушнал „силен тресок“ додека возилото се пробило низ портите на познатата кралска резиденција во центарот на Лондон.

- Слушнав силен тресок и кога погледнав таму видов дека автомобилот влетал во Бакингемската палата - рекол тој очевидец, пренесува Метро.

Дејли Мејл пренесува дека лондонската полиција потврдила дека против уапсениот е поднесена кривична пријава.

- Околу 2 часот и 33 минути во ноќта меѓу саботата и неделата автомобил удрил во капијата на Бакингемската палата. Вооружени полицајци на лице место привеле лице осомничено за кривично дело. Тој е пренесен во болница - соопшти полицијата.

Во соопштението за медиумите се наведува дека „нема извештаи за повредени“.

– Истрагата е во тек за утврдување на околностите – соопшти лондонската полиција.


Слично

Поврзани вести