Aвтомобил експлодираше во Доњецк
Aвтомобил вчера експлодираше недалеку од седиштето на владата во Доњецк.
Уништеното возило му припаѓало на шефот на Народната милиција на Народна Република Доњецк, Денис Синенков, кој за Интефакс изјавил дека не е повреден во експлозијата.
Извештаи за експлозијата имаше откако Доњецк и Луганск, два региони кои самопрогласија независност од Украина во 2014 година, и наредија евакуација на цивили во Русија, плашејќи се од напад на украинската војска.
Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со вршителот на должност министер за вонредни ситуации Александар Чупријан и му наложил итно да отпатува во Ростовската област за да организира обезбедување услови за сместување, храна и се што е потребно за бегалците кои пристигнуваат од Донбас.
фото Твитер
