Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автомобил-бомба против автомобил на турската амбасада во Кабул

Автомобил-бомба против автомобил на турската амбасада во Кабул

Бомбаш-самоубиец денеска разнесе автомобил-бомба против автомобил на турската амбасада во Кабул, соопштија американските медиуми, повикувајќи се на авганистанските власти.

"Целта беше возило на турската амбасада, едно лице е повредено, а возачот најверојатно е убиен", изјави заменик-министерот за внатрешни работи Мохамад Саланги.

Ова е првиот познат напад врз Турската амбасада во авганистанскиот главен град, забележува агенцијата.

kabul 1

Талибанците ја презедоа одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад, пренесоа американските медиуми. Во СМС порака, испратена до медиумите, Талибанците велат дека целта им била „колона од странски автомобили“. Од телевизиските снимки станува јасно дека биле нападнати две црни оклопни возила со турски знаменца.

Нападот е извршен во срцето на утврдениот дипломатски кварт на авганистанската престолнина, недалеку и од амбасадата на Германија, пренесе Ројтерс.

Слично

Поврзани вести