Автобус со ученици се преврте во провалија
Автобус со ученици се преврте во провалија во Непал, при што 23 патници загинаа.
Автобусот кој пренесувал ученици и наставници на екскурзија во планински дел од Непал, се превртил во голема провалија при што загинаа 23 патници, соопштуваат од тамошната полиција.
Учениците се на возраст од 16 до 20 години, а во несреќата меѓу другите загинале возачот и двајца наставници.
Во автобусот се наоѓале 37 патници, од кои 22 загинале на лице место, а еден од патниците подоцна им подлегнал на повредите. Во несреќата се повредени 14 луѓе.
Во планински дел на Непал пред недела дена, во слична несреќа загинаа 20 лица.
Слично
