Авто – магазин по грешка објави фотографија од тајна руска подморница
Во руското издание на авто – магазинот „Топ гир“ случајно била објавена фотографија од тајна руска подморница „АЦ – 12 Проект“. Оваа нуклеарна подморница може да се нурне на големи длабочини и го носи името „Лошарик“, според јунак од анимиран филм за деца.
Станува збор за нова подморница за која НАТО се уште нема одговор.
Веста за ваквата грешка најпрво осамна на неофицијалниот блог на Центарот за анализа и стратегија и технологија, а неа ја пренесе сајтот Слон, кој го замолил експертите за стручен коментар.
Експертот за вооружување, Василиј Сичев, тврди дека постои голема веројатност да станува збор за тајна подморница.
Фотографот на списанието всушност сликал „Мерцедес“ а наводно не ни забележал дека во кадар му влегла една од најдобро чуваните руски тајни подморници. Фотогравијата била направена на брегот на Белото море.

Слично