Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австриските амбасадори ќе мора да се задоволат со резиденции од „само“ 400 метри квадратни

Австриските амбасадори ќе мора да се задоволат со резиденции од „само“ 400 метри квадратни
Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц најави сериозни мерки за штедење на дипломатијата, откако неговото Министерство доби сериозни критики од ревизорите. Мерките кои ги најавува не им се допаѓаат на сите австриски дипломати, но треба да донесат заштеда од 4,4 милиони евра. Курц има намера драстично да ги намали трошоците за патувања, со што ќе заштеди 700.000 евра годишно. Освен ова скапите резиденции на австриските амбасадори во иднина ќе мора да се ограничат на 400 метри квадратни, а на тој начин Курц очекува да заштеди дури 2,3 милиони евра годишно. Дел од амбасадорите на Австрија во светот живеат во вистински палати. Така, австрискиот амбасадор во Прага има резиденција во најдобриот дел од градот со површина од 1.518 метри квадратни. Кога станува збор за администрацијата, шефот на австриската дипломатија сака да избегне секакво дуплирање на работите. Во оние земји каде што постојат повеќе претставништва на оваа земја, тие ќе треба да се спојат во едно, а дел од земјите во светот да се покриваат во соработка со други земји-членки на ЕУ. Ова на австриската дипломатија би и донело дополнителни заштеди од 1,4 милиони евра годишно.
Слично

Поврзани вести