Австрискиот претседател се извини откако беше фатен од полиција во ресторан на нашинец
Австрискиот претседател Александер Ван дер Белен се извини пред јавноста откако во друштво на неговата сопруга Дорис Шмидауер полицијата го пронајде во ресторанот „Соле“ во центарот на Виена по полноќ, иако на услужните објекти им е дозволено да работат до 23 часот, поради епидемијата на коронавирус.
Ван дер Белен го потврдил инцидентот за Кронен Цајтунг и се извинил, велејќи дека се замуабетил и дека заборавил на времето. Ресторанот “Соле“ е во сопственост на Македонец, односно на познатиот угостител Аки Нуредини, кој пак е татко на македонскиот министер за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.
Полициските службеници пристигнале на контролниот пункт кога ги нашле претседателот и првата австриска дама како пиеле на терасата по полноќ.
Во Австрија, поради епидемијата, на кафулињата и рестораните им е дозволено да работат до 23 часот. Инаку, сопствениците можат да бидат казнети со казна до 30.000 евра.
Ресторанот бил официјално затворен кога полицијата уапднала..
„Навистина ми е жал. Тоа беше грешка“, рече Ван дер Белен.
