Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австрискиот канцелар Вернер Фајман поднесe оставка

Австрискиот канцелар Вернер Фајман поднесe оставка

Австрискиот канцелар, Вернер Фајман денеска поднесe оставка на сите државни и партиски функции.

Тој во кусото обраќање пред новинарите кажа дека донел одлука да се повлече од лидерската функција во Социјалдемократската партија, како и од функцијата претседател на Владата. Фајман ненадејно ја објави оваа одлука пред денешниот состанок на Претседателството на партијата. До пред два дена изгледаше дека Фајман ќе биде сменет од лидерската функција во партијата, но според неговото однесување се доби впечаток дека тој сака да се бори да остане на таа позиција. По појадокот изутрината со високи партиски функционери и лидери на неколку австриски покраини, Фајман се откажа.

Партијата Фајман  ја водеше од 2008 година. Тој е роден во 1960 година во Виена, а од 2 декември 2008 година е назначен за канцелар.

Слично

Поврзани вести