Економија, финансии, бизнис

Контакт

Aвстриски инвеститор ќе ја купи Хипо Банка на Балканот?

Aвстриски инвеститор ќе ја купи Хипо Банка на Балканот?

Aвстрискиот инвеститор Рони Печик е заинтересиран за купување на шест банки на австриската Хипо Алпе Адриа на Балканот, пишува виенскиот весник Курир.

Според весникот во банкарските кургови има „интензивни гласини“ дека тој од Австрија би требало да откупи банки на Хипо Алпе Адриа на Балканот и тоа за поволна цена со шанса да профитира кога подоцна поединечно би ги продал.

Неименувани експерти од банкарскиот сектор потврдија за Курир дека Печик е меѓу малубројните заинтересирани кои имаат намера да учествуваат во купување на банки на Хипо на Балканот. Печик демантираше каква било заинтересираност.

Хипо банка бара 800 до 900 милиони евра за шест банки на Балканот што според експерти е превисока цена бидејќи банки во светот моментно банки не се преодаваат.

Слично

Поврзани вести