Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВСТРИСКИ ПРАТЕНИЦИ ЈА НАПУШТИЈА СЕДНИЦАТА ДОДЕКА ГОВОРЕШЕ ЗЕЛЕНСКИ: „Протестираме бидејќи се нарушува неутралноста на Австрија“

АВСТРИСКИ ПРАТЕНИЦИ ЈА НАПУШТИЈА СЕДНИЦАТА ДОДЕКА ГОВОРЕШЕ ЗЕЛЕНСКИ: „Протестираме бидејќи се нарушува неутралноста на Австрија“

Пратениците од крајната десница Партија на слободата (ФПО) излегоа од Долниот дом на австрискиот парламент за време на денешниот говор на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тие посочија дека ова е чин на протест бидејќи се нарушува неутралноста на Австрија.

Зеленски се заблагодари на Австрија за хуманитарната помош и помошта во проекти како што е деминирањето на теренот. Поради сопствената неутралност, Австрија не се вклучи повеќе во конфликтот, па и покрај тоа што дава политичка поддршка, сè уште не може да испрати оружје на украинската армија, која се соочува со руска инвазија, пренесува Ројтерс.

„Тажно е што ние сме единствената партија која сериозно ја сфаќа неутралноста“

ФПО со денови предупредува дека ќе одржи некаков вид на протест против обраќањето на Зеленски. Претставниците на партијата присуствуваа на почетокот на говорот на украинскиот лидер, а потоа ја напуштија салата. „Тажно е што ФПО е единствената партија во парламентот која сериозно ја сфаќа нашата постојана неутралност, а со тоа се залага и за мир“, изјави претседателот на ФПО, Херберт Кикл.

Од петте партии во парламентот, ФПО има трето место по број на места во Долниот дом. Партијата во моментов има мала предност во анкетите пред опозициските социјалдемократи и конзервативците на канцеларот Карл Нехамер, кои владеат во коалиција со левичарските Зелени. Сегашното свикување на парламентот трае до есен следната година.


Слично

Поврзани вести