Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австриски канцелар стравува од тензиите во БиХ и Косово, спомена и војна

Австриски канцелар стравува од тензиите во БиХ и Косово, спомена и војна

Aвстрискиот канцелар Карл Нојхамер вели дека сега е важно да се направи сè за војната од источните граници на Европа да не се прошири во централниот дел на континентот. 

Нехамер изјави дека затоа е важно да се даде соодветна перспектива на целиот Западен Балкан. Ги спомена тензиите во БиХ и Косово.

Нехамер се залага за продолжување на преговорите и за украинскиот конфликт. Вели дека нема да има брз крај на војната, но дека е неопходно да се одржи контакт со Русија. Тој вели дека е оправдано да се постави прашањето дали санкциите повеќе ја засегаат Русија отколку ЕУ. 

Високиот руски дипломат Генадиј Гатилов, постојан претставник на Русија во Обединетите нации во Женева рече дека војната може да се пролонгира и со тоа  двете завојувани страни потешко ќе дојдат до решение. 

Слично

Поврзани вести