Австриската полиција во акција да го спречи финансирањето на тероризмот
Австриската полиција денеска изврши претреси во два центра каде што се собирале припадници на муслиманската заедница во Виена, заради информациите дека таму се врши исплата и регрутација на радикални платеници и се собираат пари за сириските бунтовници.
Претресите се изведени во рамките на пошироката антитерористичка истрага, нема уапсени, но се запленети документи и компјутери, информираше портпарол на австриското Државно обвинителство.
Полициската акција во муслиманските центри во Австрија беше покрената откако четворица млади Чеченци, кои барале азил во таа земја, биле убиени во сириската граѓанска војна.
Од почетокот на судирите во Сирија, се проценува дека во борбите во оваа земја се приклучиле меѓу 80 и 100 лица од Австрија. Интерпол во моментов трага по две тинејџерки од Виена кои побегнаа од дома за да им се придружат на исламските бунтовници во Сирија. Нивните родители, бегалци од Босна и Херцеговина, тврдат дека девојчињата се киднапирани.
Слично
