Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австријците со отпор кон муслиманите бидејќи не почитуваат жени

Австријците со отпор кон муслиманите бидејќи не почитуваат жени

Австријците имаат недоверба кон муслиманите, покажува истражувањето на Интеграцискиот фонд објавено денеска.

Мнозинството Австријци велат дека бегалците не ги почитуваат жените и можат врз нив да применуваат насилство. Вака се изјасниле 77% од испитаниците. Австријците се плашат дека во нивното општество бегалците може да напаѓаат жени и бараат построги услови за нивна интеграција. Од анкетираните 63% го поддржуваат предлогот на Народната партија со кој за семејствата со повеќе деца ќе се даваат најмногу 1500 евра месечно помош. Околу 61% сметаат дека бегалците попрво ќе живеат од социјална помош отколку да работат, а ист процент одговориле дека бегалците не се подготвени за интеграција.

Соживотот со муслиманите е негативно оценет од 56% од испитаните Австријци. Посебно критични се младите мажи до 30 години со ниско образование.

Слично

Поврзани вести