Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австријците бараат олеснување на строгите банкарски правила

Австријците бараат олеснување на строгите банкарски правила
Повеќето Австријци поддржат да се олеснат строгите правила за доверливост на банкарските податоци , кои ја изолираат земјата од нејзините европски партнери, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење направено од „Gallup“, пишува Ројтерс. Само 18% од учесниците во анкетата изразија желба банкарската тајна да биде зачувана во сегашниот нејзиниот облик, додека 44%  ја поддржуваат компромисната варијанта, предложена од канцеларката Вернер Фајман - да се споделат податоците  за вложувањата на странците. Речиси 30 отсто од учесниците во анкетата изјавиле дека сакаат нивната земја целосно да се откаже од банкарската тајна и сметаат дека цврстата позиција на финансискиот министер Марија Фектер е неодржлива. Австрија падна во фокусот на нејзините европски партнери, откако Луксембург одлучи да почне да разменува податоци со земјите од Европската унија од 2015 година, додека истовремено министерот за финансии Марија Фектер цврсто ги брани астриските закони. Во моментов Виена го одбива данокот за каматите од странските депозити, и го враќа на странските штедачите, но не го открива нивниот идентитет, забележува Ројтерс.
Слично

Поврзани вести