Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австријците се повеќе стравуваат од исламизмот!

Австријците се повеќе стравуваат од исламизмот!

Австријците стравуваат дека исламот може да влијае и во нивната земја, покажува истражувањето на виенскиот неделник „Профил“.

Да потсетиме, исламистите се залагаат за втемелување на исламските вредности, односно за воведување на шеријатското право.

Така 37 одсто од Австријците кажале дека имаат „голем страв“, а 36 одсто дека „имаат страв“ од исламизмот. Само четвртина од испитаниците наведуваат дека нема или воопшто нема страв од исламизмот во Австрија.

Од Австрија во вооружените борби во Сирија, на северот од Ирак, според официјалните податоци, досега се бореле или се борат 140 лица. Од почетокот на судирите околу 40 џихадисти се вратиле во Австрија, а меѓу младите муслимани се побројни се оние кои потпаѓаат под влијанието на радикалните исламисти.

Така на Фејсбук многу млади жители на Австрија, по потекло од Турција, Чеченија, но и Босна и Херцеговина, ја величаат терористичката организација на „Исламската држава“ (ИС) и им праќат закани на „неверниците“.

 
Слично

Поврзани вести