Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австријците се помалку пари ставаат во банки

Австријците се помалку пари ставаат во банки
Поради ниските камати, Австријците се помалку пари ставаат на штедните книшки во банките, повеќе чуваат кеш под перница или ставаат на страна преку пензиски и животни осигурања. Според новиот извештај на Националната банка на Австрија, OeNB за финансиската стабилност, износот на штедење во банките помеѓу првиот и вториот квартал од годинава паднал од 146 на 145 милијарди евра. Причината за тоа се ниските  камати поради што стапката на штедење во просек паднала на 5,2 проценти. Рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“ и понатаму го рангира австрискиот банкарски сектор во втората најдобра група на светот. Во првата група се наоѓа само Швајцарија, а во втората се, покрај Австрија, и Белгија, Германија, Финска, Канада, Норвешка и Шведска.
Слично

Поврзани вести