Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австријците му свртија грб на штедењето

Австријците му свртија грб на штедењето
Австријците во минатата година во голем процент го намалиле штедењето, ова го покажуваат најновите податоци. Стапката на штедење во минатата година, поради ниските камати, падна на рекордно ниско ниво од 6,6 проценти. Покрај тоа што Австријците во 2013 година штеделе вкупно 12,2 милиарди евра. До 2009 година нивото на заштеди било нешто повеќе од 10 проценти, додека рекордното ниво годишно достигнува и до 12 проценти. Австријците секогаш важеле за нација која штеди, но од 2010 година дојде до промени на трендот и стапките за штедење паднаа на просечно ниво од еврозоната. Домаќинствата минатата година имале на располагање, според Статистичкиот завод на Австрија, 183 милијарди евра, од кои 6,6 проценти се заштедени.
Слично

Поврзани вести