Австријците им нудат на Сиријците 3.000 евра за да се вратат во татковината
Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер претстави нов пакет мерки насочени кон поттикнување на доброволното враќање на сириските бегалци и баратели на азил во нивната татковина. Станува збор за привремена мерка што ќе трае од јули до септември и нуди троен поттик за напуштање на Австрија.
Поточно, на Сиријците им се нуди финансиска стимулација од 3.000 евра по лице за доброволно враќање во Сирија. Досега, овој износ беше 1.000 евра. Австриската државна премија за враќање во Сирија од 1.000 евра по лице досега ја искористиле околу 1.300 Сиријци.
По падот на режимот на сега веќе екс претседателот Башар ал Асад пред две години, надлежните австриски власти повторно ја разгледаа оправданоста за престојот на 13.000 сириски граѓани во Австрија. Во 4.500 случаи, заштитниот статус беше ограничен или одземен. Околу 2.000 Сиријци веќе ја напуштија Австрија. Голем дел од нив доброволно, а некои принудно.
За Сиријците, кои веќе имаат признат статус на азилант, финансиската стимулација за доброволно враќање во Сирија се зголемува од 1.000 на 1.500 евра.
foto printskrin youtube
