Австрија: Западен Балкан е зона за регрутирање на џихадисти
Австриското Министерство за одбрана предупреди дека Западен Балкан претставува зона за собирање на џихадисти на територијата на Европа.
Во извештајот на министерството за актуелната ситуација се вели дека посебна опасност постои во Босна и Херцеговина. Иако во Косово состојбата се следи и има намалување на џихадистичката активност по апсењата, во Босна и Херцеговина се зголемува опасноста од терористички напади.
Извештајот наведува дека токму таму исламистите формираат свои центри.
Властите во Виена се категорични дека со притисокот врз „Исламска држава" во Сирија и Ирак се повеќе расте можноста за терористички напади на Западен Балкан, но и во Европа во целина.
Слично
