Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австрија воведува контрола на сите свои граници

Австрија воведува контрола на сите свои граници

Австрија воведува целосна контрола на своите граници, мигрантите ќе бидат проверувани и оние од нив кои немаат право на азил, ќе бидат депортирани.

Тоа го изјавил денес канцеларот на Австрија, Вернер Фејман за неделното издание на весникот „Оsterreich“, пренесуваат агенциите.

Според него дејството на Шенгенскиот договор „привремено ќе се прекине“.

„Како Германија така и ние ќе воведеме засилена контрола на нашите граници и ќе депортираме бегалци, додава Фајман. - На оние кои немаат право да добијат статус на бегалци и не поднесуваат навремено барање за добивање на азил, ќе бидат одбиени да останат на наша територија. На границата е потребно да бидат претставени документи. Ако Европската унија не може да ги заштити надворешните граници, тогаш иднината на Шенген зоната како целина ќе се стави под знак на прашање“.

Слично

Поврзани вести