Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австрија веќе не е „ветена“ земја

Австрија веќе не е „ветена“ земја
За првпат по 1995 година Австрија ја загуби првата позиција во Европската унија како земја со најниска стапка на невработеност, а оваместо, според најнискиот процент на невработени сега го држи Германија. Бројот на невработени во Австрија непрекинато расте и се приближува до 400.000. Во октомври, вклучувајќи ги лицата кои биле на дообразование, 389.000 биле без работа, што е за 28.000 повеќе од истиот месец лани. Според австриската статистика, невработеноста изнесувала 8,1% и е зголемена за 0,7%. Според мерењата на Европската унија, пак, стапката на невработеност во Австрија изнесува 5,1%, со што земјата паднала зад Германија. Министерот за социјални прашања Рудолф Хундсторфер оцени дека главна причина за постојаниот раст на невработеноста е стагнацијата на економијата во Европа и побара итна даночна реформа. И стопанствениците веќе подолго време бараат даночни реформи, намалување на бирократијата и таксите, кои во моментот ја загрозуваат конкурентноста на австриската економија. Особено впечатлив е растот на процентот на невработеност кај странците во Австрија. Имено без работа се 82.200 странци, што е раст за 22,2%. Единствено се намалила невработеноста кај младите меѓу 15 и 19 години и тоа за 3%. Покрај Канада, границите за имигранти ги отвoра и Шведска!
Слично

Поврзани вести