Австрија треба да плати 11 милиони евра за ПЦР-тестови во училиштата поради грешка на министерот
Од оваа недела нема повеќе задолжителни тестови за корона во училиштата во Австрија, мерка која беше задолжителна во оваа земја Сепак, министерот за образование заборавил да го раскинедоговорот со приватната лабораторија..
На околу еден месец пред крајот на школувањето, ќе заврши програмата за тестирање на коронавирус, која функционира во различни форми од почетокот на наставата. „Фалтер“ објави дека на Министерството за образование раководено од Мартин Полашексе соочува со пенали од единаесет милиони евра поради раскинување на договорите.
Причината е во тоа што Полашек заборавил навреме да го раскине договорот со салцбуршката лабораториска група Арге за молекуларна дијагностика - поради што тој официјално ќе трае до крајот на учебната година. Досега, конзорциумот беше одговорен за евалуација на PCR тестовите во училиштата во осум сојузни држави (со исклучок на Виена, каде што е одговорна лабораторијата Lifebrain). Поради ненавременото раскинување, на министерството сега му се заканува казна од единаесет милиони евра.
Министерството за образование не ја негира грешката: „Постапивме во согласност со договорот. Разговорите со конзорциумот за точниот број на тестови се уште се во тек, така што во моментов не можеме да коментираме за деталите“, цитира Фалтер неименувани извори од одделот.
Изданието пишува дека внатре веќе подолго време имало службеници кои на Полашек му укажувале на раскинување на договорот. Сепак, тој останал глув по тоа прашање.
