Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австрија повторно ќе ја затвори границата за бегалците

Австрија повторно ќе ја затвори границата за бегалците

Австрија планира постепено да го укине посебниот режим за премин преку границите, благодарение на кој илјади мигранти успеаја да преминат од Унгарија. Тоа го изјавил сојузниот канцелар Вернер Фејман во соопштението, цитирано од „BBC“.

Олеснителните правила за преминување им овозможија на мигрантите да ја преминат, вклучувајќи и пеш, австриската граница или да останат во Австрија, или да продолжат кон Германија.

„Ние им помогнавме на повеќе од 12 илјади луѓе во тешка ситуација. Сега ние треба постепено да излеземе од вонредната состојба и да продолжиме да работиме во нормален режим“, посочува Фајман.

Претходно властите на Германија и Унгарија излегоа со изјави, од кои се разбираше дека одлуката да се пропуштат бегалците во унгарско-австриската граница е прекршување на правилата на Европската унија нема да биде преседан. Германија сепак, избра насока да се пуштат повеќето од бегалците, и ја изрази својата подготвеност да помогне, но предупреди дека можностите се ограничени и не треба да се злоупотребуваат.

Во иднина двете земји планираат да се придржуваат до правилата според кои мигрантите кои влегуваат во Европската унија, треба да се регистрираат и да поднесат барање за доделување статус на бегалци во првата земја-приемник.

Министерот за внатрешни работи на Германија, изјави дека одлуката да се прифаќаат мигранти во последните денови е привремена мерка и исклучок од правилата. Според него, правилата на ЕУ остануваат во сила.

Сериозните несогласувања помеѓу земјите од Европската унија по повод справување со бегалската криза и идејата за воведување принцип на квоти , високиот комесар на ОН за бегалци, Антонио Гутиерес изјавил дека кризата може да се надмине само ако земјите-членки на Унијата се договорат за обединет план на акција.

Властите во Унгарија вчера отворија нов камп за мигранти кои продолжуваат да доаѓаат преку границата со Србија. Полицијата насочи стотици од нив таму, но тензиите меѓу бегалците почна да се зголемуваат.

Денес се очекува канцеларката на Германија, Ангела Меркел да оствари разговори со премиерот на Србија, Александар Вучиќ.

Слично

Поврзани вести