Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВСТРИЈА ПОЛЕКА СЕ ВРАЌА ВО НОРМАЛА: Ќе ги отворат продавниците, трговските центри, фризерниците

АВСТРИЈА ПОЛЕКА СЕ ВРАЌА ВО НОРМАЛА: Ќе ги отворат продавниците, трговските центри, фризерниците

Австрија се соочи со застој кога воведе мерки на 16 март. Земјата затвори сè, освен супермаркетите и медицинските установи. 

Но, минатата недела Австрија стана првата европска земја која објави дека ќе започне со укинување на мерките.

Австрија полека ќе се врати во нормала. 

Земјата е подготвена да го олабави парцијалното ограничување. 

Од вторник, на продавниците со големина на еден и пол тениски терени - ќе им биде дозволено да ги отворат своите врати. На 1 мај ќе следат други продавници, трговски центри и фризерските салони.

Сепак, рестораните и хотелите ќе треба да почекаат до средината на мај за да се отворат и нема да може да се одржат јавни настани барем до крајот на јуни. 

Останатите мерки за јавно здравје, како што е барањето луѓето да носат маски за лице во супермаркетите и аптеките, ќе останат на сила. 

Правилото за носење маска за лице е проширено и важи за други продавници и за јавен превоз.

Слично

Поврзани вести