АВСТРИЈА: По распарченото тело на жена во куфер, во езерото е пронајден нов леш!
Полициски нуркачи во австралиското езеро Трезоне крај градот Гмундена во Горна Австрија пронашле денеска тело на маж, изјавил полицискиот службеник Грехард Хаг.
Хаг изјавил дека телото е најдено во близина на местото на кое вчера беа најдени два куфера со отатоци од тело на 70 годишна старица, пренесуваат агенциите.
Полицискиот службеник одбил да даде повеќе информации на конференцијата за новинарите.
Куферите се пронајдени во езерото, веднаш откако некој ги пријавил дека на површина на езерото се појавиле делови од облека.
Во тек е истрага за утврдување на идентитетот на жртвите и како настанала смрта.
Австариските медиумио бјавиле дека нивната задача е отежната бидејки на телото на пронајдената жена и недостасува главата.
