Австрија крева ограда долж границата со Италија
Италијанскиот премиер, Матео Ренци ги критикуваше плановите на Австрија.
Австрија ја затегнува уште повеќе контролата на своите граници, откако денеска стана јасно дека земјата размислува да изгради 400-метарска ограда кај контролниот пункт Бренер. Веста дојде од полицискиот началник на провинцијата Тирол. Со одлуката Австрија планира да го намали приливот на мигранти кон внатрешноста на државата. Австрискиот парламент усвои и нов пакет закони за мигрантите кои пристигнуваат во земјата. Според нив, Владата ќе може да прогласи вонредна состојба поради мигрантската криза. Покрај тоа, ќе може да се отфрлат уште на границата голем дел од поднесените барања за азил. Италијанското Министерство за надворешни работи сепак ги опиша како „неприфатливи" овие мерки.
