Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австрија ќе гради метална ограда долж границата со Словенија

Австрија ќе гради метална ограда долж границата со Словенија

Австрија ќе изгради 3,7 километри метална ограда на границата со Словенија, за да може да го контролира протокот на луѓе кои доаѓаат на нејзина територија соопштија од австриската владата.

Според Виена оградата ќе се содржи и дополнителна жица, која исто така ќе биде монтирана по потреба.

„Овде зборуваме за контролирано брзање, а не за бариери“, изјавил Јозеф Јостермаиер, началник на екипата на канцеларот Вернер Фајман. Неговиот коментар доаѓа два дена откако Словенија почна да презема слични дејствија по својата граница со Хрватска.

Претходно денеска австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц предупреди дека миграциската криза е надвор од контрола и е погрешно да се смета дека е доволно само да се бараат дополнителни места за сместување. Според него е потребно да се осигура безбедноста на надворешните граници на ЕУ и ако тоа не се случи повеќе држави ќе бараат самостојни решенија за справување со ситуацијата по нивните граници.

Тој исто така изјавил дека го разбира незадоволството кај граѓаните, и тоа дека Германија и Шведска, но истакна дека и Австрија е веќе презаситена во однос на бегалското прашање, бидејќи нивниот број е се преголем. „Поради оваа причина е неопходно итно запирање на овој бегалски бран“, додал уште австрискиот дипломат.

Себастијан Курц е убеден дека така повеќе не може да продолжи и секој ден од Турција да влезат во Грција по 10 000 луѓе, а потоа без никаква регистрација тие да продолжат патот до Австрија.

Австрија и Европа се обврзани да го намалат бројот на бегалците и тоа не е некоја десна позиција, туку е реална состојба на работите. Трошоците за спроведување се земаат од даночните обврзници. Сместувањето и грижата за 95 000 лица чини 1 милијарда евра годишно, додал уште Курц и додаде: Сега не е време за идеолошка дебата и толкување на концептите.

Слично

Поврзани вести