Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австрија и Германија дадоа зелено светло за дел од бегалците во Унгарија

Австрија и Германија дадоа зелено светло за дел од бегалците во Унгарија

Бегалската криза во Унгарија делумно беше олесната оваа ноќ, откако Австрија и Германија решија да ги прифатат бегалците од оваа земја.

Во раните утрински часови денес на границата со Австрија пристигна првиот унгарски автобус со имигранти, кој тргнал од Будимпешта. „Беа известени од нашите власти дека треба да очекуваме меѓу 800 и 1.500 луѓе“, изјавил Томас Хорват, претставник на покраинскиот огранок на Меѓународниот цревн крст во австриската провинција Бургеланд. Во локалниот град Никесдорф има центар за бегалци. „Подготвуваме за нив станбени простории , кревети, храна и топли пијалоци. По потреба тие можат да добијат и медицинска помош“, додал Хорват.

Делумната разврска настапи по две важни настани. Најнапред доцна во петокот унгарската влада обезбедила 100 автобуси за превоз на бегалци од Будимпешта за границата со Австрија. Вчера во текот на денот голема група бегалци (помеѓу 500 1000 луѓе) тргнале пеш кон австриската граница, која е одалечена на 175 километри од Будимпешта и тоа растојание тие одлучиле да одат пеш во најдобар случај за 3 дена. Малку подоцна беше соопштено дека првиот унгарски автобус со бегалци отпатувал од Будимпешта за границата. Железничката станица остана блокирана, а во неа има 3.000 бегалци кои ја поминале ноќта во метрото.

Втората важна вест дојде малку по полноќ, кога австрискиот канцелар Вернер Фајман најавил дека неговата земја и Германија ќе ги прифатат бегалците од Унгарија. Тој прецизирал дека е договорена одлуката со германската канцеларка Ангела Меркел, а исто дека го известил за одлуката и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

50-годишен Пакистанец загина, паѓајќи на шините во унгарската месност Бичке, соопшти локалниот портал „Индекс“. Непосредно пред 18:00 часот по локално време дојде и до судири на железничката станица во Будимпешта меѓу бегалците и крајно десничарските активисти. Во денешниот ден избувнаа четири протести на бегалците во Унгарија, кај еден од нив имигрантите го пробиле полицискиот кордон и тргнале кон Виена. Според локалните медиуми, околу 300 имигранти, држени на станицата во Бичке, избегале во третото бегство денес, откако претходно беше соопштено дека две групи бегалци го напуштиле кампот во близина на градот Роске.

Полицијата ги држи имигрантите во Бичке од четвртокот, им забрануваат да патуваат кон Австрија. Во исто време имигрантите во возот, запрен на станицата, доброволно се согласиле да го напуштат. Семејства, главно жени и деца биле видени како слегуваат од него, а полицијата соопшти дека тие ќе бидат транспортирани во центарот за сместување во градот. Претходно властите рекоа дека фатиле поголем дел од 300-те лица, кои го напуштиле кампот во Роске крај српската граница.

Во исто време унгарскиот парламент усвои нов пакет итни антиимиграционни закони, како одговор на рекордниот број бегалци кои минуваат низ земјата, во обид да стигнат до Западна Европа. Новите мерки вклучуваат казни од три години затвор за луѓе кои скокаат да поминат над новоизградената жица долж границата на Унгарија со Србија, како и новата гранична „транзитна зона“, каде имигрантите чекаат додека нивните барања за азил се разгледуваат. Оштетувањето на оградата исто така ќе се смета за кривично дело. Според новите закони бегалците веќе ќе можат да поднесуваат барања за азил уште на унгарската граница. Исто така се предвидува и зголемување на казните за шверцерите на луѓе. Унгарските пратеници најавија и „вонредна состојба, предизвикана од масовната имиграција“, дозволувајќи им на полицијата и армијата да помага за регистрирање на барањата за азил и да раководи со центрите за задржување.

„Ако не ги заштитиме нашите граници десетици милиони имигранти ќе продолжат да доаѓаат во Европа“, изјавил премиерот Виктор Орбан. „Ако ги пуштиме сите, тоа ќе биде крај на Европа. Може некое утро да се разбудиме и да сфатиме дека сме малцинство на нашиот сопствен континент“, додал уште премиерот.

Во последниве месеци Унгарија се приклучи на Грција и Италија како една од најпогодените држави во Европа од имигрантската криза. Само во изминатиот месец 50 000 луѓе поминале низ Западен Балкан и влегле во Унгарија. Според последните податоци на ОН, рекордни 3300 имигранти поминале во Унгарија во текот на вчерашниот ден. Од почетокот на годината во Европа влегле 340 000 мигранти, тоа е најголемиот број на бегалската криза на континентот по Втората светска војна.

Слично

Поврзани вести