Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австрија е против членство на Украина во ЕУ, и ова ги разочара украинските власти

Австрија е против членство на Украина во ЕУ, и ова ги разочара украинските власти

Украина е разочарана затоа што Австрија е против нејзино членство во Европската Унија(ЕУ). 

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг вели дека на Украина не треба да ѝ се понуди членство во ЕУ. Според него, Украина не треба да добие кандидатски статус во јуни, како што очекуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Шаленберг наведе дека има држави во Западен Балкан кои поминале долг пат.

Австрискиот весник „Хојте“ ја цитира и изјавата на Шаленберг дека Украина во принцип не треба да стане членка на ЕУ ниту во иднина. Тој се залага за поинаков пат за Украина од полноправното членство. Според него,  треба да има и други модели освен пристапот на Украина во ЕУ, односно пристапување во Единствениот економски простор на ЕУ или едноставно одржување на сегашното ниво на Спогодбата за асоцијација. Шаленберг повика на поголема флексибилност во барањето механизми за приближување меѓу Украина и ЕУ.

Откако Русија ја почна инвазијата на Украина пред 60 дена, украинските власти побараа прием на Украина во ЕУ. За тоа поднесоа барање, добија праалник, го пополнија, но во ЕУ има различни мислења за тоа дали Украина треба да почне преговори. 

Слично

Поврзани вести