Австрија чека ЕМА да ја одобри руската Спутник V: Сè дотогаш нема да се употребува оваа вакцина, порача Курц
Австрија нема да ја користи руската вакцина Спутник V сè
додека не биде одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА). Ова го изјави
австрискиот канцелар Себастијан Курц, цитиран од Ројтерс.
Земјата преговара со Русија за купување на 1 милион дози, нарачката сè уште не е објавена.
Досега Курц одбиваше да каже дали земјата ќе чека одобрување од ЕМА или ќе се однесува како Унгарија, која користи вакцина без одобрение од агенцијата.
Унгарија е единствената земја-членка на ЕУ што ја користи вакцината, иако и Словачка нарача дози.
„Се надеваме на брзо одобрување од ЕМА, бидејќи секоја дополнителна доза на вакцина ќе помогне да се спасат животи“, рече Курц и додаде дека Владата се согласила да нарача.
Слично
