Австриец се фотографирал со пиштол и се заканил дека ќе убива невакцинирани луѓе
Австриец на возраст од 47 години, жител на градот Велс на социјалните мрежи се заканил дека ќе убива невакцинирани луѓе.
Како што објави полицијата, тој се фотографирал со пиштол, а фотографијата ја поставил во прилог на објавата. На распитот рекол дека жали за заканата.
Изјавил дека е лут што мора да се вакцинира, а и покрај тоа да се придржува до сите мерки, а општеството не може да се врати во нормала поради невакцинираните.
Против Австриецот е поднесена кривична пријава до Обвинителството на Велс и му е изречена забрана за поседување оружје.
foto freepik.com
Слично
