Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австралиското радио дава половина милион долари за медицинската сестра што се самоуби

Австралиското радио дава половина милион долари за медицинската сестра што се самоуби
Австралиската радио станица „Тудеј Еф Ем“ ќе исплати над 500 илјади долари на семејството на 46-годишната медицинска сестра Хасинта Салдања, за која полицијата се смета дека се самоубила во нејзиниот стан во Лондон во петокот, откако даде информации за состојбата војвотката од Кембриџ која поради утрински мачнини поради бременоста беше хоспитализирана.

Британската полиција го најде телото на  Салдања, откако на 7 декември двајца водители на австралиската радио станица Мел Крејг и Мајкл Крисчн, се претставиле како кралицата Елизабета Втора и престолонаследникот Чарлс, и успеале да извлечат доверливи информации за состојбата на Кејт Модлтон, сопруга на внукот на кралицата, принцот Вилијам.

Компанијата „Садер крос остерио“, сопственик на „Тудеј Еф Ем“, објави дека веќе е создаден специјален меморијален фонд за донации за помош на семејството Салдања.  
Слично

Поврзани вести