Австралискиот долар може да поевтини за 25% до 2016 година
Пад на цените на суровините и стеснување на каматите може да доведе до сериозно поевтинување на австралискиот долар , кој би изгубил една четвртина од својата вредност до 2016 година, тврдат аналитичарите од Societe Generale .
Намалување од 25% на австралискиот во однос на американскиот долар би го одвел до нивоа на трговија од 0.72 американски центи , се вели уште во анализата на банката. Една од суровините кои е можно да се поправи сериозно, е бакарот . Според прогнози на Societe Generale цената на црвениот метал може да се намали за 14% до околу 6 000 долари за метрички тон во 2016 - та година. Поевтинувањето на бакарот може да иницира поевтинување на австралискиот долар во однос на американскиот со околу 9% , бидејќи Австралија е шестиот најголем производител на бакар во светот , која извезува околу 2 милиони тони годишно .
Австралиската валута поевтини под 0,95 американски центи во вторникот и продолжи да поевтинува и денеска, достигнувајќи двонеделно дно на 0.9456 .
Слично
