Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австралија: Запленета дрога во вредност над 800 милиони

Австралија: Запленета дрога во вредност над 800 милиони

По петмесечна комплексна истрага конечно е разбиена мрежа за криумчарење на дрога.

Австралиската полиција запленила 1,2 тони метамфетамин, чија вредност во нарко пазарот се проценува на 802 милиони долари.

Дрогата е запленета во западниот дел на Австралија.

Од полицијата посочуваат дека метамфетаминот бил пренесен до Австралија со чамец, а потоа префрлен во комбе.

Покренати се обвиненија против осум лица со потекло од Австралија. Тројца од нив биле уапсени во комбето, каде е пронајдена и дрогата, тројца во чамецот со кој е пренесувана и двајца во хотел во Перт. 

Слично

Поврзани вести