Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВСТРАЛИЈА ВЕЌЕ НЕ Е ВЕТЕНА ЗЕМЈА: Се укинуваат работни визи за странци, а сега потешко и до државјанство

АВСТРАЛИЈА ВЕЌЕ НЕ Е ВЕТЕНА ЗЕМЈА: Се укинуваат работни визи за странци, а сега потешко и до државјанство

Подобро познавање на англиски јазик, подолг престој во земјата и доказ на интеграција, како што е работа, се некои од острите мерки кои Австралија планира да ги воведе за добивање на државјанство.

Премиерот на Австралија Малком Турнбул рекол дека новиот тест би претставувал одраз на вистинските австралиски вредности, наместо сегашните со повеќенаменски избор.

„Ова ќе биде добро за кандидатите, добро за нацијата, нагласување на австралиските вредности во срцето на австралиското државјанство“, рекол Турнбул за новинарите, додавајќи дека ваквите реформи не се поради администрација, туку поради посветеност на австралиските вредности.

Идните Австралијанци ќе мора да покажат дека познаваат англиски јазик, да престојуваат во земјата најмалку четири години, додека сегашните прописи наложуваат дека година дена престој е доволно за барање за државјанство. Министерот за имиграција Питер Датон рекол дека ќе има дополнителни полициски проверки за идните граѓани, а дека сторителите на семејно насилство веднаш би требало да се дисквалификуваат.


Слично

Поврзани вести