Австралија размислува за населување на илегалните имигранти во Киргистан
Австралиската влада размислува за преместување на повеќе од 1.500 нелегални имигранти, кои се наоѓаат во камповите во Папуа Нова Гвинеја и Науру, кон Киргистан, соопшти британскиот весник „The Guardian“.
Веднаш по доаѓањето на власт во Австралија во 2013 година, Владата на Либерално-Народна коалиција усвои закон за зграпчување на отворениот океан на бродовите со илегални имигранти кои се обидуваат да стигнат до зелениот континент, и со сила да ги враќа назад, главно во Индонезија .
А оние бегалци кои сепак успеале да стигнат до австралиските брегови, ќе се преселат во Папуа Нова Гвинеја и во малата островска држава Науру.
Слично
