Австралија ќе прифати 12 000 бегалци
Австралија ќе прифати дополнителни 12 илјади бегалци од Сирија и Ирак. Ова го објави премиерот Тони Абот, цитиран од „BBC“. Важечката квота за имигрантите за оваа година е 13750 лица.
Според Абот главното внимание на имиграциските власти ќе биде насочено со акцент кон заштита на жените, децата и семејствата од прогонетите малцинства во оние земји кои добиле привремено засолниште во Јордан, Либан и Турција.
Освен тоа премиерот најавил продолжување на кампањата за учество на Австралија во борбата против екстремистичката група „Исламска држава“ во Ирак и Сирија, со што Австралија ќе се вклучи во воздушните напади на позициите на терористичката група.
Слично
