Економија, финансии, бизнис

Контакт

Австралија бележи раст на невработеноста на 5,6 отсто

Австралија бележи раст на невработеноста на 5,6 отсто
Стапката на невработеност во Австралија во март порасна на 5,6 отсто, на нејзино највисоко ниво во последните три години, што укажува на можни шанси за намалување на каматните стапки во земјата. Австралиската  статистичка служба наведува дека стапката на невработеност пораснала за 0,2 процентни поени во однос од февруари, додека аналитичарите главно очекуваа таа да остане непроменета. – Не мислам дека централната банка ќе паничи поради ова, но секако постои можност за ново намалување на каматните стапки, изјави економистот на фирмата „Макари“, Брајан Редикан, додавајќи дека очекува слабеењето на пазарот на трудот да продолжи.
Слично

Поврзани вести