АВСТРАЛИЕЦ ТВРДИ ДЕКА Е ТАЕН СИН НА КРАЛОТ ЧАРЛС И КРАЛИЦАТА КАМИЛА: Ако прицензата Дајана не загинеше, цел свет ќе знаеше за мене
Сајмон Чарлс Доранте-Деј (56) од Австралија тврди дека е таен син на кралот Чарлс (73) и
Камила (75). Човекот, чие средно име е Чарлс, бара ДНК анализа за да докаже
дека е во право.
Сајмон е роден на 5 април 1966 година во Хемпшир и моментално живее во Австралија. Семејството кое го одгледало го посвоило кога имал само 18 месеци. Човекот е убеден дека е плод на првата афера на славната кралска двојка, а е роден кога Чарлс имал 17, а Камила 19 години.
Доколку принцезата Дајана не умрела во сообраќајна несреќа во 1997 година, Сајмон тврди дека целиот свет би знаел за него.
-Верувам дека Дијана знаеше дека постојам и дека ги „редела коцките“. Мислам дека се повеќе наоѓаше одговори за нејзиниот живот, за тоа какво зло и е направено и сакаше да го објави тоа јавно - вели Доранте-Деј.
Тој бил посвоен од вработена ка кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. Таа многупати му кажувала кои се неговите родители.
- Разговарав со судијата и со адвокат за правниот статус на Чарлс и дали монархот е заштитен со закон или е над него. А одговорот на тоа беше дека не е и ми рекоа дека не гледаат причина зошто треба да се заштити. И второ, Камила и нејзиното семејство секако не се над законот. Така што тој аргумент е решен - вели Сајмон за 7News.
- Многу луѓе беа загрижени дека кога Чарлс ќе стане монарх ќе ми го уништи случајот. Но, нема правна разлика поради тоа и ќе поднесам тужба. Ќе се вратам на семејниот суд – вели тој.
Тој не се откажува од своите намери, но продолжува да бара ДНК анализа.
- Минатиот пат таму ми рекоа дека ако дојдам со добар доказ дека нема причина да го одбијат моето барање за ДНК тест и дека Чарлс и Камила ќе треба да одговорат на тоа. Не ми е гајле колку е висока планината, сепак треба да ја искачам за да го докажам тоа што знам дека е вистина. Од таа перспектива ништо не се смени - вели тој.
-Мислам дека Чарлс барем ми должи одговор. Ако не си ми татко, докажи го тоа. Се чувствувам отфрлено. Чарлс го доби она што го сакаше: го доби тронот, ја доби сопругата, доби сè. Сега е време да го добијам мојот среќен крај – додаде тој.
Инаку, Чарлс се ожени со принцезата Дијана во 1981 година, а се разведоа во 1996 година. Во 2005 година Чарлс се ожени со својата стара љубов, Камила. Дијана и Чарлс ги имаат синовите Вилијам (36) и Хари (34), а Камила од бракот со Ендру Паркер Боулс (79) ги има ќерката Лаура (41) и синот Том (44).
ФОТО: EPA/NEIL HALL