Aвон се повлекува од Франција
На шармантните Французинки ќе им биде тешко да ја најдат козметиката на американскиот козметички гигант Avon . Активностите на американскиот производител во Франција ќе завршат до крајот на октомври . Од канцеларијата на компанијата во Париз најавија дека само тековните нарачки ќе бидат исполнети и не е сигурно дали претставниците на компанијата ќе добиваат производи по овој месец , соопшти BBC .
Avon е на територијата на Франција веќе повеќе од 50 години . Компанијата вработува околу 120 вработени и одржува мрежа од 11 илјади самостојни претставници кои ги посетуваат корисниците во нивните домови .
Лутите француски функционери го обвинија Avon дека ги држи во неизвесностсо месеци.
„Ние знаеме дека од мај оваа година има промени, но се уште нема план како ќе биде потпомогнато на вработените. Се чувствуваме напуштени . Знаевме дека бизнисот не оди , но сите бевме посветени и со месеци работевме непрестајно за оваа компанијата да стане профитабилна " , вели претставник на вработените во компанијата .
Запрашан од BBC за случувањата кај францускиот партнер , портпарол на компанијата одбива да коментира, па дури и не го потврди затворањето на активностите во Франција за BBC.
Слично
