АВИОНСКА ДРАМА: Пронајдена бомба во авион кој летал за Париз
Поради сомнителниот пакет кој беше пронајден во тоалетот на авионот на Ер Франс, кој летал од островот Маурициус во Индискиот Океан кон аеродромот Шарл де Гол-Роаси во Париз, aвионот принудно слета во Кенија.
Властите на Кенија испитуваат неколку осомничени кои биле во авионот за сомнителниот предмет, за кој се верува дека е бомба.
„Предметот за кој веруваме дека е експлозивна направа, успешно беше отстранет од авионот. Во моментов него го истражуваат експерти од таа област” – информираат од аеродромот во Кенија.
На летот АФ 463 имало 459 патници и 14 членови на екипажот.
Слично

