(ВИДЕО) АВИОНСКА ДРАМА: Патник се обидел да сруши авион за Белград
Авионска драма, за малку не се претворила во трагедија, кога јордански државјанин со американски пасош пробал да упадне во кабината на пилотите во авионот на „Луфтханза“ кој летал од Франкфурт во Белград.
Јорданецот Лакен се заканувал дека ќе ја отвори вратата од авионот, но среќа тој бил совладан од парниците и песроналот.
– Лакен сакаше да ја отвори вратата и да предизвика хаос. Цело време зборуваше како да го загубил разумот и дека сака сите да одиме кај Алах. Ситуацијата беше тензична. Несреќата, за среќа беше спречена. Лакен беше ставен под контрола од играчите на ракометниот клуб „Војводина“ и авионот безбедно слета во Белград, вели извор за српски „Курир“.
По слетувањето, полицијата влегла во авионот и го извела надвор проблематичниот патник, кој потоа веднаш бил пренесен во полициска станица во Белград, каде што почнало сослушувањето.
Српските медиуми објавија и видео од апсењето на Јорданецот кој се обиде да го собори авионот.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=CLGmCRm2wEA[/embed]
