Економија, финансии, бизнис

Контакт

Авионот на Флај Дубаи се урна со 400 км/ч

Авионот на Флај Дубаи се урна со 400 км/ч
Со едноминутно молчење денеска беше оддадена почит на 62  загинати во авионската несреќа која се случи вчера во градот Ростов, во Русија. Ден на жалост е денеска во Ростов на Дон, поради урнатиот авион на дубаиската авиокомпанија Флај Дубаи, при што загинаа 62 лица од кои  16 странци и 46 Руси. Од нив 7 лица се од екипажот. Авионот летал над Ростов на Дон додека имало ужасни временски услови. Цела ноќ илјадници луѓе оставаа цвеќе на влезот на терминалот. По првичните проценки на истрагата ударот во земјата бил со околу 400 километри на час. Двете црни кутии се пронајдени и испратени на анализа во Москва. Раководството на авиокомпанијата има намера да исплати 20 000 долари отштета на роднините на загинатите.      
Слично

Поврзани вести