Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВИОНОТ КОЈ ПАДНА ДОБИВАЛ ЛАЖНИ ПОДАТОЦИ ЗА ВИСИНАТА: Бил опремен со стари инструменти

АВИОНОТ КОЈ ПАДНА ДОБИВАЛ ЛАЖНИ ПОДАТОЦИ ЗА ВИСИНАТА: Бил опремен со стари инструменти

По трагедијата во Непал во која при уривање на патнички авион при слетување загинаа најмалку 40 патници, „Флајтрадар“ излезе со подетални информации за евентуалните причини за несреќата. Во објава на Твитер велат дека станува збор за авион од типот ATR 72-500 стар 15 години со регистарски број 9N-ANC и сериски број 754.

-Овој авион беше опремен со стар транспондер кој дава неверодостојни податоци. Собираме податоци со висока резолуција со цел да го потврдуваме квалитетот на податоците кој ги добивал авионот, пишува „Флајтрадар“.

Дел од инжинерите кои се вклучија во коментарите по ваквата објава појаснуваат дека транспордерот на авионот дава детални информации при летањето, и секако една од нив е висината. Во овој случај, пилотот најверојатно добил лажен податок заради што и дошло до несреќата.  


Слично

Поврзани вести