Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВИОНОТ ЧИИ ПИЛОТ СЕ ЗАКАНУВАШЕ ДЕКА ЌЕ СЕ УРНЕ ВРЗ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР СЛЕТА ВО ТРЕВА - во тек е истрага што го „спопаднало“ 29 годишниот маж

АВИОНОТ ЧИИ ПИЛОТ СЕ ЗАКАНУВАШЕ ДЕКА ЌЕ СЕ УРНЕ ВРЗ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР СЛЕТА ВО ТРЕВА - во тек е истрага што го „спопаднало“ 29 годишниот маж

Како што јавуваат американските медиуми, 29-годишен пилот киднапирал мал авион во градот Тупело, Мисисипи и се заканил дека ќе се урне во трговскиот центар Волмарт. Со часови кружеше над Тупело и околните области. Околу 17 часот и 10 минути му исчезнала секаква трага од радарот. Недолго потоа беше објавено дека слетал и дека пилотот е уапсен и приведен.

Мотивот се уште не е познат. Додека авионот бил во воздух, на социјалните мрежи се проширила порака која наводно ја напишал пилотот пред да го киднапира авионот. Во пораката тој побара прошка и им порача на родителите и сестрата дека ги сака и дека не се виновни за ништо.

Во тек е истрага.

Слично

Поврзани вести